Обвинет во случајот Монструм со една, брат му со друга приказна

Од:

Еден од браќата на Фејзи Азири, кој е обвинет за тероризам во случајот „Монструм“ денеска сведочеше во Основниот суд Скопје 1 на главниот претрес, во кој одбраната на обвинетите ги распитуваше сведоците на нивни предлог.

Во обид да му обезбеди алиби за кобниот 12 април, кога се случи петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, братот на Азири потврди пред судот дека Фејзи ноќта кога се случило убиството имал работа со извесен Горан од Скопје, кому требало да му врати 1.600 евра, па затоа од фармата во Белимбегово преку скопската обиколница се упатил кон населбата Раштачки пат, последната станица на автобусот со број 8, каде живеел Горан.

Сведокот рече дека неговиот брат ноќта сам, со возилото голф 3 тргнал по обиколница да му однесе пари на Горан, а дома се вратил во 21.45 часот.

– Настанот беше на таков ден што не може да се заборави, а ние сме голема фамилија и кога разбравме за што се обвинети и анализиравме како е можно да ги обвинат луѓето кои на тој момент биле на работното мест, изјавува сведокот, пренесува Плусинфо.

Денеска како сведоци треба да бидат ислушани и братот на обвинетиот Алил Демири, како и другиот брат на обвинетиот Фејзи Азири.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски