ВМРО-ДПМНЕ: Кластерот СДСМ ќе си помогне и себе и на граѓаните доколку повеќе се грижи за здравјето

Од:

„Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев.

СДСМ кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица. Брзајќи за избори СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Заради нивната неодговорност во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со корона вирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има вкупно 2492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ се уште зборуваат за нова нормалност и избори.

Тоа покажува дека се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев.

Патем поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери.

Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски