Пратеникот Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани во болница

Од:

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани во болницa.

„Тие се наоѓаат во стабилна форма на болеста само со висока температура“, рече на прес-конференцијата министерот за здравство, Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е здравствената состојба на јавните личности кои беа во контакт со Зекири, и каква е неговота состојба и на неговото семејство, Филипче рече дека нема сознанија за други хоспитализирани, освен за Зекири.

– Се тестираат луѓе во таа група, тој кластер. Дел од резултатите беа готови, дел од тие контакти кои Центарот за јавно здравје ги идентификуваше, не само за него, туку и за сите други семејства, четири-пет во таа општина, се делумно готови, а дел ќе бидат готови денеска и со тоа ќе се заокружи три четвртини од тој кластер во таа Општина, изјави Филипче

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески