Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Од:

Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви.

– Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните. Градскиот пазар на 5 јуни делумно ќе биде отворен за работа, само со прехранбени производи, рече Бочварски.

Вицепремиерот Османи соопшти дека е е потребно да се постават т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките. Со тоа, смета Османи, значително ќе се заштитат и вработените, и компаниите.

– Очигледно дека имаме рецидив на болеста. Имаме враќање на пикот на епидемијата којшто денеска се потврдува и на ниво на државата, и во Штип. Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени без разлика дали се работи за приватни или државни институции. Тоа се ковид координатори. Бидејќи очигледно е дека оваа болест ќе трае и за да ги заштитиме вработените, но и компаниите од затворање, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија и државна институција назначи КОВИД координатор чија единствена работа ќе биде да внимана на почитување на протоколите, истакна Османи.

Во Штип во изолација се ставени над 300 граѓани, а на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 16 пациенти со средна клиничка слика.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски