Најновата невестинска колекција на босанската модна дизајнерка Белма Твико-Стамбол за пролет/лето 2020 година изобилува со раскошни фустани и тоалети… Експресивни, но елегантни силуети со сложено извезени детали изработени во женствен и еклектичен дух.
Во таа смисла, според критичарите, настанаа бајковити тоалети, совршено прилагодени на женската фигура. Неа, пак, дополнително ја нагласуваат токму прецизно прилагодените корсети и долгите силуети, скроени од обемни, но нежни материјали.
Минималните, структурирани тоалети се безвременски во нивната едноставност. Невестата во замислата на Белма Твико-Стамбол се чувствува подеднакво женствено и нежно, и во романтичен фустан и во ефикасно скроен костим.