Четириесет и седумгодишниот Борут Хрибершек, работник во познатата словеначка фирма за обезбедување „Синтал“, украде 911.000 евра од нејзиниот главен трезор, а потоа се предаде на полицијата на граничниот премин Шентиљ, пренесуваат локалните медиуми.
Хрибершек тврди дека кражбата не ја планирал, туку на такво нешто се одлучил во еден момент поради тешките материјални околности.
-Бев во голема неприлика и итно ми требаа пари, а тие во голема количина лежеа пред мене. Кога еднаш почнав да земам, не можев да сопрам- изјави Хрибершек.
Од главниот трезор на фирмата „Синтал“, во која работел повеќе години, тој је зел целата готовина која пристигнала од повеќе љубљански трговински фирми, отишол дома каде што на партнерката и оставил мала сума на пари, а потоа со останатите побегнал во странство.
Во меѓувреме за него беше распишана меѓународната потерница.
Елена Георгиевска