Рајна Стојанова побара граѓаните да ја разберат за преминувањето во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Рајна Стојанова, советничката која уште на првата конститутивна седница на велешкиот совет, од редовите на опозицијата седна во владеачките редови. Денеска после свеченоста за предавањето на градоначалничката функција сама посака да даде изјава за трансферот кој деновиве е актуелен меѓу велешката јавност, пренесе Дума.мк.

„Како прво, како советник избран од граѓаните на Велес апелирам до сите политички чинители максимално да го испочитуваат моето право на слободно изразување и делување кое ми е загарантирано со уставот на нашата држава за да можам понатаму да бидам поефикасна. Исто така апелирам и до моите колеги советници максимално да ги почитуваат своите загарантирани права и максимално да работат во интерес на граѓаните на Општина Велес“, рече Рајна Стојанова, член на совет.

Точно една недела помина откако Стојанова ги изненади довчерашните сопартијци од ВМРО Народна партија кои по тоа ги наклевети дека и се заканувале по животот и семејството. Ги пријави и во полиција, а двајца заработија и кривични пријави. Но, причината поради која го стори ова и дали чувствува морална одговорност и денес останаа мистерија.

„Значи за сите додатни дејствија и понатамошни активности информации ќе добиете со текот на времето. Немам коментар за тоа кој ми се закануваше“, рече Стојанова.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно