Патувачкиот луна парк, кој е поставен на раскрсницата на булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Кисела Вода е затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција, во одговор на прашање рече дека луна паркот е затворен од нивна страна, бидејќи е забрането вакви луна паркови да работат сега.
– Луна паркот има уредно издадена дозвола, но забранета е рабоата на луна парковите сега. Истиот е затворен во петокот или саботата, а од нивна страна било кажано дека не знаеле дека не смеат да работат, истакна Пауновски.