Информацијата на МОН за упис на студенти во 2020/2021 на владина седница

Од:

Владата денеска ќе ја одржи 60-тата седница преку видеоконференциска врска на која на предлог на Министерството за образование и наука на дневен ред ќе биде информацијата со предлог за број на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии во учебната 2020/2021 година на јавните универзитети.

Информацијата се однесува на запишувањето студенти на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, Джавниот универзитет во Тетово, „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје.

На дневен ред е и Предлог-одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на овие високообразовни установи.

Како што најави владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница Владата ќе го разгледа и конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на усогласеност на институционални капацитети на јавните обвинителства во земјава за реализација на надлежностите.

Владата ќе го разгледа и вториот шестмесечен извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС во судовите за 2019 година.

На денешната седница ќе се разгледаат и усвојат записниците од 64-от и 65-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржани на 1 и на 2 јуни 2020 година.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата