Врачено уверението за градоначалник на Стевчо Јакимовски

Од:

Претседателката на Општинската изборна комисија, Јулијана Тасиќ, денеска во 13 часот на Стевчо Јакимовски официјално му го врачи уверението за избран градоначалник на општина Карпош.

Со ова уверение се верификува новиот четиригодишен мандат на староновиот градоначалник Јакимовски за периодот 2013-2017 година. Честитајќи му го новиот мандат, претседателката Јулијана Тасиќ изрази надеж дека граѓаните на Карпош и натаму ќе бидат задоволни од неговото раководење на општината како што тоа беше досега.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се заблагодари на претседателката, како и на сите присутни членови на Општинската изборна комисија и им посака и натаму да имаат вакви избори како во општина Карпош, кои поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он