Извршени контроли во 2.184 угостителски објекти, 24 не ги почитувале мерките

Од:

Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат досега извршиле контроли на вкупно 2.184 угостителски објекти, при што констатирано е дека 24 не ги спроведуваат одлуките на Владата.

Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).

Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, стои во соопштението.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР