Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека не се познати кластерите како што велат надлежните

Од:

Опозициската ВМРО ДПМНЕ информира дека денеска вонредно заседавала нивната Комисија за здравство, по објавувањето на денешниот број на новозаразени со Ковид-19. Тие на денешниот состанок заклучиле дека ситуацијата е алармантна.


„Македонија го доживува вториот пик. Со оглед на големата бројка на новозаразени во едно деноноќие, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот. Во контекст на ова, Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните“, пишува во соопштението од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата заклучила дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ