По девет седмици, се олеснуваат заштитните мерки во Москва

Од:

Властите во Москва почнаа да ги ублажуваат мерките воведени со цел да се спречи ширењето на пандемијата, девет недели по нивното воведување.

Од денес, парковите и трговските центри се отворени, а на граѓаните им е дозволено да шетаат и вежбаат по првпат од воведувањето на мерките, пренесува Би Би Си.

Како што се наведува, иако рускиот претседател, Владимир Путин објави дека епидемијата го достигнала својот врв, бројот на пациенти продолжува да расте.

Најголем број пациенти во цела Русија се забележани во Москва, но и најголем број смртни случаи, но сепак, градоначалникот дозволи отворање на продавници, книжарници, трговски центри, паркови.

На граѓаните им е дозволено да одат на прошетка три пати неделно во периодот од 9.00 до 21.00 часот и со употреба на рота-систем се мери колку долго биле надвор.

Јавните собири се уште се забранети до 14 јуни.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски