Харадинај очекува косовското Собрание утре да ја изгласа новата влада

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен премиер, Рамуш Харадинај смета дека денеска може да се очекува објавувањето на конечната одлука на Уставниот суд на Косово, со која на претседателот на државата, Хашим Тачи, му се даде право да го додели мандатот на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Доколку тоа се случи, смета Харадинај, уште утре може да се одржи седница на Собранието, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за новата влада, во која, според претходно постигнатиот договор, освен ЛДК и ААК, ќе партиципираат и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и најголемата партија на косовките Срби, Српска листа (СЛ) и парламентарните партии на малцинските етнички заедници.

Според екс-премиерот, реални се можностите утре да се свика седница на Собранието, на која ќе се избере нова влада, откако на актуелната, предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, ѝ беше изгласана недоверба на 25 март, по што на 30 април Тачи го додели мандатот на ЛДК, како второрангирана партија на изборите од октомври минатата година.

– Сметам дека сега е време кога Судот може да ја објави одлуката, со што би се отворил патот на процедурата, бидејќи остана само прашање на процедура. (…) Утрешниот ден е реален рок, освен ако не се случи некое доцнење во официјалното објавување на одлуката, изјави Харадинај пред медиумите при неговата денешна посета на општина Сува Река.

Харадинај ги објави и имињата на министрите од неговата партија кои во кабинетот на Хоти ќе ги водат ресорите економски развој, животна средина и просторно планирање(Блерим Кучи), надворешни работи (Мелиза Харадинај), образование (Рам Лика) и правда (Селим Селими), додека вицепремиер од ААК ќе биде Бесник Тахири.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина