Мета: Исполнетего ветувањето за консензус и усогласете ја изборната реформа,народот ќе го избира и претседателот

Од:

Денеска кога е последниот рок за постигнување консензус околу изборната реформа,албанскиот претседател Илир Мета ги повика политичките партии да не се плашат и да го исполнат ветувањето за консензус.

„Повеќе да не се плашат од слободно и рамноправно дадениот глас на граѓаните во земјава и да им дадат можност да се изразат, не само за партиите, туку и за
пратениците за да не молчат во парламентот и да продолжат да креваат раце за закони и политики кои ја зголемуваат сиромаштијата во земјата и фаворизираат само мал број олигарси и политичари кои никогаш не сакаат да дадат отчет и да бидат одговорни, вели Мета.

Тој уште додава дека и идниот претседател бара го избира народот на непосредни избори.

„И да го дадам првиот пример, ве поканувам да одлучите и за изборот на претседател од страна на народот, така што во оваа земја претседателот веќе нема да има обврски кон ниту една партија, туку само кон Уставот, граѓаните и
Република,наведува Мета.

Тој исто така објавува и дел од предупредувањата на Светска банка во кои се наведува дека од кризата со Ковид-19 Албанија потонува во сиромаштија.

„Светската банка предвидува две различни сценарија, според кои сиромашнијата во Албанија може да се опфати 39,6 отсто од населението, во најдобар случај и до 43,6 отсто во најлошото сценарио. И во двете сценарија, Албанија ќе продолжи да биде земја со најголема стапка на сиромашни во однос на населението во регионот, наведува Мета цитирајќи дел од предвидувањата на СБ.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски