Од денешните нови 22 случаи позитивни на коронавирусот, пет лица се од општината Чаир, тројца од Бутел и по двајца од Аеродром и од Сарај, што практично значи дека во истите општини постојано има зголемување во однос на бројот на заболени.
Регистрирани се и по два нови случаи во Шуто Оризари, Ѓорче Петров и во Илинден. По еден нов случај има во Гази Баба, Студеничани, Сопиште и во Кисела Вода.
Од инфографикот на „А1он“ може да се види актуелната состојба на активни случаи според општини во Скопје.
Во последните 24 часа беа регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 22, Куманово – 4, Штип – 1, Тетово – 6, Струга – 1 и Гостивар – 1.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека постои веројатност ако бројката на новозаболени во одредени општини да продолжи да расте, Комисијата за заразни болести да предложи карантин, само за тие општини.
Освен во неколку општини во Скопје, со зголемен број заболени од коронавирусот се соочуваат и општина Тетово (71), Куманово (44), Прилеп (41), Велес (29) и Штип (27). Во останатите општини во земјава има од еден до десетина активни случаи.