Обвинетите за „27 април“ бараат укинување на првостепените пресуди

Од:

Не знам кој ме жртвуваше година и пол пред пензија, нека му служи на чест. Моја задача беше да информирам, да известувам, но на 27 април придонесов за заштита на животот на пратениците, рече обвинетиот Оливер Поповски, поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање во својата одбрана во Апелационит суд Скопје.

Како поранешен припадник на Агенцијата за разузнавање, своја одбрана даде и обвинетиот Мунир Пепиќ, кој рече дека на 27 април во Собранието влегол по службена задача.

– Моја задаче беше да следам Н.Н. лице, ако тоа лице немаше да влезе во Собранието, немаше ни јас да влезам, ќе бев со моето семејство, рече обвинетиот Пепиќ, кој е обвинет за напад на пратеникот Зијадин Села, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Обезбедувањето на Собранието, обвинетиот Абдулфетах Алими, во својата одбрана истакна дека уште не може да разбере зошто е осуден.

– Во канцеларијата каде го сместив господинот Села, јас сум ја чекал смрта. Но, со помош на господ јас и господинот успеавме да излеземе надвор. За сите други работи ги имате снимките од Собранието, исказите на сведоци и жалбата од одбраната, рече обвинетиот Алими.

Од страна на обвинителството Алими, е обвинет дека на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви, му ги предал клучевите од вратите на Собранието.

Обвинетиот Игор Југ, кој се товари дека сакал да ги убие пратениците Дамјан Манчевски и Зоран Заев, пред кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, изјави дека во ниту еден момент во тек на судскиот процес пред Кривичен суд, не се утврдил дека тој има и носи оружје (пиштол).

– Кога го прашав Дамјан Манчевски, какво оружје сум имал, рече дека не се разбира во оружје. Тој хајката против мене ја почна уште на 30 април, кога на прес-конфереција рече дека Игор Југ е лице со кривични пријави за силување, убиство и трговија со дрога. Вистината е дека јас немам ниту едно кривично дело, рече обвинетиот Југ.

Воедно сите други обвинети од страна на Апелационит суд Скопје, побара да ги проверат изведените докази и исказот на заштитениот сведок С1. Тие сметат дека правдата порано или подоцна ќе биде задоволена за овој предмет.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април