А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска: Поригорозни мерки за оние угостители што нема да ги почитуваат протоколите

by А1он29/05/2020 - 16:27402
Share0

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, денеска апелираше до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вицепремиерката изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, истите ќе бидат санкционирани.

– Би сакала да апелирам до сите угостители да ги почитуваат протоколите заради самите себе првенствено, но и заради здравјето на граѓаните и здравјето на нивните семејства и нивните деца. Важно е дека со секоја наша постапка денес, а и во наредниот период, треба да покажеме свесност и насочување кон новото живеење. Токму тие протоколи се начинот на кој што ќе треба да постапуваме и да се однесуваме во наредниот период се со цел од една страна економијата да се одржува во континуитет но од друга страна да го заштитиме здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен, во текот на вчерашниот ден укажуваа, едукативно делуваа кај сите угостители. Секако дека тие што нема да ги почитуваат согласно закон инспекторите ќе постапат кон поригорозни мерки, изјави Царовска.

Царовска, при посетата на Валандово, рече дека е важно овој апел за почитување на протоколот да стигне и до граѓаните, бидејќи секој од нас е одговорен и за своето здравје, но и за здравјето на своето семејство за здравјето на нашите заедници.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ако ги почитуваме мерките и протоколите ќе придонесеме кон тоа да оваа успешна приказна што ја имавме како држава во справување со корона вирусот да продолжи и понатаму и со тоа да покажеме дека сме зрели да се носиме со сите предизвици, рече Царовска.

koronavirus mkdmila carovska

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on15/02/2024 - 13:13

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Предраг Петровиќ08/12/2023 - 16:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео