Качени на маса, музика во живо, без дистанца на првиот ден од отворањето на угостителите

Од:

Музика во живо, гости качени на столици и маси, музичари без маски, аплаузи е само дел од атмосферата која вчера можеше да се забележи во некои скопските кафеани. Од фотографиите поставени на социјалните мрежи, може да се види дека присутните не ги применувале на заштитните мерки и заборавиле на коронавирусот, забавувајќи се на првиот ден од отворањето на угостителските објекти.

Со ваквото однесување, тие ги прекршиле мерките донесени од Владата за заштита од вирусот, бидејќи не се почитува социјалната дистанца и забраната за групирање. За ова, досега надлежните органи поднесуваа кривични пријави и гонеа за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, дело за кое е предвидено парична казна или затвор до една година.

„Отварамо музичку сезону, сје**ли смо ми вирус корону“, пишува на едно од видеата објавени на „Инстаграм“ од музичари кои свиреле во една од кафеаните.

„А1он“ се обиде да добие одговор од директорот на Државниот пазарен инспекторат дали инспекторите добиле пријава и интервенирале по овие случувања во кафеаните во Скопје, но неуспешно.

Претходно, претседателката на инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, најави дека нема да ги казнуваат гостите кои не ги почитуваат мерките, а на почеток, ниту фирмите, туку ќе ги едуцираат угостителите како да ги применуваат протоколите за работа.

Казнувањето ќе почне по 10-дневната едукација која ја најави претседателка на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, но, доколку се забележи дека и по едно укажување на угостител тој повторно прави прекршок, тогаш ќе се казни веднаш.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on