МТСП: Обезбедени 658 пакети храна за жртви на семејно насилство

Од:

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство. За нив во мај и јуни се обезбедени пакети со храна.

Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

-Глобалната пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето за влијанието и последиците од пандемијата врз жените и мажите, особено влијанието и последиците од пандемијата врз жените жртви на семејно насилство. Министерството за труд и социјална политика во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани на нашата држава, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Сериозните закани од КОВИД-19, велат од Министерството, бараат континуиран одговор за да се пресретнат потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнат полесно да се справат со сите предизвици.

Изразуваме благодарност до нашите меѓународни партнери за поддршката што ја добиваме од нив да помогнеме и да допреме до секој граѓанин кому му е потребна помош.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска