Алфа ќе влета на лиценцата на А1?

Од:

Вчерашното ад хок ставање на дневен ред на одлука за доделување на лиценцата на затворената А1 од страна на претседателот на советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, ги збуни и членовите на советот. Без да образложува, претседателот предложил, а тој и уште седуммина поставени во советот од владеачката ВМРО-ДПМНЕ без дискусија дигнале два прста, а другите седум поставени од СДСМ, ДУИ и ЗНМ биле против. Либертас дознава дека доделувањето на одземената лиценца на А1 е од две причини.

Прво, власта да си обезбеди уште една телевизија која е веќе под нивна контрола, но има лиценца само за сателитска. Нашиот извор тврди дека во прашање е тв Алфа која од пред половина година од тогашниот сопственик, бизнисменот Штерио Наков, наводно за 150.000 евра ја купи српскиот тајкун Јевросимовиќ.

Трансакцијата никаде ја нема, но во централниот регистар сменета е сопственоста, а во јавноста веќе нема дилема дека Алфа е телевизија на ВМРО ДПМНЕ, а бизнисменот Јевросимовиќ е само покритие.

Сега со доделување на лиценцата од А1 на Алфа, телевизијата нема да биде само сателитска туку како и Сител и Канал 5, ќе стане телевизија под целосна контрола на власта.

Втората причина за брзањето за давањето на лиценцата на А1 е заради дигитализацијата.

Операторот ОНЕ има обврска да ја спроведе, но телевизиите реагираат на висината што треба да им ја платат, а операторот не може со постоечките телевизии да се покрие.

Од тие причини слободната лиценца од А1 ќе и се даде на Алфа. Операторот ќе има уште еден муштерија и со тоа ќе ја намали сумата што телевизиите ќе требе да ја платат за дигитализацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март