Норвешкиот Комитет за доделување на Нобеловата награда соопшти дека е прифатена кандидатурата за Нобелова награда за мир на грузискиот премиер Биѕина Иванишвили.
Претседателот на Советската унија и Институтот за истражување Источна Европа со седиште во Канада, Роман Фин во јануари ја поднесе кандидатурата на Иванишвили за Нобелова награда за 2013 година.
Овогодинешното прогласување и церемонијата на доделување на Нобеловата награда планирани се на 11 октомври, а досега поднесени се вкупно 259 кандидатури.
Иванишвили ја презеде функцијата премиер по минатогодишната победа на општите избори.