Во Штип четири нови случаи на Ковид-19, од кои два се од иста текстилна компанија

Од:

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, преку прес конференција ги повика граѓаните на дисциплина и одговорност за заштита од коронавирусот, откако во градот се појавија четири нови случаи на Ковид-19.

„Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и нашите капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните.

Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има 4 нови позитивни случаеви од кои 2 се од истата текстилна компанија“, рече градоначалникот Бочварски.

Тој вели дека волонтери биле испратени пред конфекциите да делат заштитни маски на текстилните работници.

„Волонтерите досега имаат извршено услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираме тие да продолжат да ги користат нашите услуги и да се заштитат самите себе“, вели Бочварски.

Градоначалникот вели дека е задоволен од дисциплината на своите сограѓани, но дека е потребна целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите во борбата со вирусот за кој се уште нема лек ниту вакцина.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“