На 26 мај во Тетово осум лица не го почитувале полицискиот час

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до тетовскиот Основен суд достави предлози за издавање казнени налози за осум лица кои на 26 мај 2020 година биле забележани на различни локации како се движат низ градот, за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата, соопштија од Јавното обвинителство.

Со своите дејствија тие сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот