Во организација на невладината организација „Новинари за човекови права“ денеска ќе се одржи настан за одбележување на Денот на менструалното здравје. Оваа година мотото е „Менструацијата не запира за време на пандемија“.
Организаторите бараат да се обезбеди континуирано образование за менструалното здравје – сега, но и по пандемијата од Ковид-19.
– Важно е да се напомене дека за време на пандемија, училиштата, центрите во заедницата и другите места каде што девојчињата и жените имаа пристап до круцијални информации за менструацијата се затворени. Неопходна е итна контунирана едукација и во време на пандемија, се вели во соопштението од „Новинари за човекови права“.
Оттаму велат дека предизвиците поврзани со ментруацијата ќе продолжат по кризата Ковид-19.
– Да обезбедиме континуирано образование за сите и да создадеме свет во кој ниту една жена или децојка не смее заради незјиниот период да биде маргинализирана и отфрлена. Бараме итно да ги засилиме акциите и инвестициите. Менструацијата не е луксуз и пристапот до произовди не треба да биде дискриминирачки. Секоја жена има право на пристап до производи за одржување на менструалното здравје, се наведува во соопштението.