Глобалното движење Women in Tech денеска ќе одржи 24-часовна виртуелна конференција за сите заинтересирани во технологија. Темата „Заземи простор“, како што соопштуваат, има за цел да претстави глобално заземање на просторот што им е потребен на сите девојки и жени да напредуваат во нивниот професионален и приватен живот.
Конференцијата ќе започне во 13 часот попладне во Париз (CET) и ќе продолжи со непрекината програма 24 часа во живо од различни локации. Повеќе од 150 говорници од целиот свет, вклучително и од Северна, ќе презентираат успешни приказни, клучни теми, решенија, преку панел дискусии, презентации, интервјуа и работилници.
Покрај странските говорници, од нашата земја говорници, ментори и модератори ќе бидат локалните амбасадори – Катерина Трајчевска која ќе оддржи работилница за претприемништво и започнување на свој бизнис и Моника Ризовска која ќе води панел дискусија за млади претприемачи и лидери. Организаторите најавија вклучување и на министерката за финансии Нина Ангеловска.
Во текот на оваа виртуаелна тура, Women in Tech глобалното движење ќе лансира и седум нови поглавја на жени во технологија во: Ангола, Канада, Перу, Израел, Тајланд, САД и Јужна Африка. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да слушнат светски лидери, модели на пример и жени во технологија што ќе го промовираат својот домен од индустрии од вештачка интелигенција до Blockchain, FemTech, климатски промени и HealthTech.
Со 15.000 членови низ целиот свет, Women in Tech е меѓународна организација со двојна мисија – да се затвори родовиот јаз и да им се помогне на жените да прифатат технологија.