Продолжува јавната расправа во Апелацискиот суд по жалбите за „27 април”

Од:

Со исказ на обвинетите за „27 април“, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, осуден на 18 години затвор или на нивните адвокати, денеска во скопска Апелација ќе продолжи јавната расправа по поднесените жалби за пресудите за овој предмет.

Вчерашното рочиште почна со барање на адвокатите на обвинетите до кривичниот совет за изземање на тројца судија од Апелација, Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, заради тоа што тие претходно постапувале по овој предмет. Но, барањето не беше прифатено и јавната расправа продолжи.

Освен обвинетиот Чавков, кој е редовите на МВР, и други полициски службеници се осудени во овој предмет со образложение дека не постапувале, иако биле известени за се во однос на упадот во Собранието, но не презеле ништо за тоа да го спречат.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески