Рокот за извршување попис на пчеларниците е продолжен до 1 мај, а рокот за доставување податоци од пописот до ветеринарното друштво до 15 мај годинава, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе почне со потпишување на договорите со овластените ветеринарни друштва вo понеделник по што одгледувачите на пчели ќе може да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе склучат договор.
Од Агенцијата потсетувааат дека согласно Законот за ветеринарно здравство, одгледувачот е должен да склучи договор со ветеринарно друштво кое е распределено за работа во населеното место или со кое било ветеринарно друштво по негов избор.
Ветеринарното друштво, пак, со кое одгледувачот на пчели склучил договор ќе ги внесе податоците од извршениот попис во електронската база на податоци. Ветеринарното друштво ќе треба да изврши и преглед на пчелните заедници на присуство на Американска чума на пчелното легло.