Министерството за труд и социјална политика (МТСП) не постапува по барањето на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ (СВРСМ) за упис на легитимен претседател на овој Синдикатот во Централен регистар на РСМ, рече денеска на прес-конференција Методија Димески од СВРСМ, кој тврди дека има добиено писмено известување дека е легитимен претседател на СВРСМ.
Како што наведе Димески, Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските одржал легитимно Собрание на ден 28 јануари годинава согласно Статутот на СРСВМ на кој учествувале сите синдикални подружници на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ со свои делегати.
Иако за ова е известено МТСП на РСМ, нагласи Димески, шест месеци не постапува по барањето на СРСВМ. Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ шест месеци се бори да го докаже легитимитетот на претседател на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ, но за жал досега истиот неможе да си ја врши функцијата за што е избран.
– Легитимниот претседател Методија Димески на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ има добиено писмено известување од МТСП на РМ од кое јасно се гледа дека легитимниот претседател на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ е Методија Димески. Во Централен регистар на РСМ е запишан за Претседател на Синдикатот на работниците за сообраќајот и врските на РМ лицето Мичо Стојановски, кој не е член на СРСВМ од 2014година со Одлука број 248/14 од 02.05.2014 година и истиот бара да се исчлени од СРСВМ и да пристапи во Синдикатот Стамбено-деловни организации на РМ за што му се издава Решение од ЦР на РМ со деловоден број 30120150019014 од 26.05.2015година, рече Димовски.
Истото лице, дополни, уште еднаш самиот докажува дека не е член на СРСВМ и прави фалсификувана пристапница со печат на СРСВМ кој не е во употреба од 2014 година и се обидува да се зачлени во Синдикална подружница на ЈСП Скопје.Таа пристапница има приемен печат од 21.02.2020година со што се потврдува дека не е член на ниедна Синдикална подружница на СРСВМ. Истиот не престанува да прави фалсификати на документи и прави т.н Собрание на ден 3 февруари годинава и ги испратил во МТСП на РСМ. Се поставува клучното прашање како може да прави Собрание на 03.02.2020 година да бара зачленување во СРСВМ на ден 21.02.2020 година. Од ова се гледа дека ова лице ниту е ниту бил член во СРСВМ, потенцираше Димовски.
Зачудува, наведе, индолентното однесување на МТСП и покрај нашите укажувања и се прашуваме која е причината да застане позади такво лице.
-МТСП на РСМ покрај штетата што ја прави кон СРСВМ прави штета и на ССМ бидејќи истото лице учествува во работата во органите и телата на ССМ. Ако се знае дека ССМ е пред изборен Конгрес на Претседател на ССМ тогаш сите конгресни документи што се донесени, а на кои учествувал се невалидни а со тоа и изборот на претседателот на ССМ ќе биде невалиден, рече Димовски.