Отворање на угостителските објекти, на градинките и намалување на полицискиот час, се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска би требало да разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците.
Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.
Комисијата на денешната седница можно е да расправа и за отворање на границите, иако министерот за здравство Венко Филипче минатата недела рече дека се уште е рано за тоа.