УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12.30 часот во рамки на онлајн активности од областа на јавните политики ќе организираат е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики?”
Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во актуелните вонредни околности со цел мотивирање на студентите преку електронска комуникација. Сесија вклучува дискуии од професори од земјата и странство, споделување на практики за начинот на студирање денес и утре. Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани.
За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.