Во Велес веќе четири дена нема нов случај на Ковид-19

Од:

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на домашно лекување. Инаку, во градот веќе четвртти ден нема новорегистриран со Ковид-19 или од 21-ви мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 лице.

Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес, како што информира за МИА,Весна Неделковска Николова моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на овид-19,,а еден чека резултат од тест.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференцијата во петокот апелираше до граѓаните и покрај тоа што последниве денови нема новорегистрирани со Ковид-19, тие сепак премногу да не се опуштааат и да бидат претпазливи. Да носат задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања и држење на растојание од два метри, а се со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани.

Би можело да ве интересира

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата