Град Скопје: Од утре може да се вози по проширениот булевар АСНОМ

Од:

Завршено е бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, а од утре тој ќе биде пуштен во употреба. Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.

„Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило. По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем“, информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека чекор по чекор, Скопје добива една поинаква приказна.

„Само пред неполн месец, по отварањето на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел и булеварот Никола Карев (познат како Пластичарска), за кратко време ова е веќе трета нова сообраќајница за развој на Скопје. Важно е да се напомене дека во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар Босна и Хецеговина“, велат од Град Скопје. г

 

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски