Нетанјаху: Процесот против мене е заговор за да бидам соборен од власт

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нападна денеска правосудниот систем во државата, нагласувајќи дека судскиот процес против него за корупција претставува обид тој да биде соборен од власт.

Нетанјаху откако пристигна во судот во Ерусалим, пред почетокот на судењето, изјави дека овој процес е обид да се елиминира волјата на народот.

Тој ги обвини полицијата и обвинителството за заговор против него, а тврдењата ги нарече „контаминирани и предимензионирани“.

Голема група демонстранти и новинари се собраа денеска пред судската зграда во Ерусалим. Пред судот се наоѓаат и приврзаници и противници на израелскиот премиер, а присуство најавија и неколку министри од партијата Ликуд.

Нетанјаху е првиот израелски премиер кој се соочува со кривично гонење додека е на власт, во случајот кој тој го нарекува „политички лов на вештерки“. Тој се појавува пред суд само една недела откако положи заклетва на почетокот од неговиот петти мандат.

Израелскиот премиер во ноември минатата година е обвинет за поткуп, измама и проневера во три случаи. Меѓу другото, тој се товари и за примање подароци од пријател милионер и вршење услуги за сопственици на медиуми во замена за позитивно известување. гт/

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан