Либиски авион погоден додека слетувал, нема повредени

Од:

Либиски авион со 150 патници е погоден додека се подготвувал да слета на аеродром во Триполи, но во инцидентот нема повредени.

Боинг 737 на либиска компанија се наоѓал на неколку километри од аеродромот во Триполи кога синоќа бил погоден. Засега не е познато дали во прашање бил напад.

Истрели од огнено оружје се редовна појава во Либија каде има големо количество оружје по конфликтот во 2011 година кога беше симнат од власт лидерот Моамер Гадафи.

– Додека се подготвувал за процедура за слетување, авионот е погоден во долниот дел од трупот. Авионот подоцна безбедно слетал, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во либиската авиокомпанија Бурак ер. Авионот од Бенгази на исток во Либија извршувал лет кон Триполи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски