Грција чувствува меѓународен притисок во врска со нејзината политика кон Македонија

Од:

Германија и САД вршат притисок во ОН да се интензивираат преговорите за решавање на името на Македонија, со цел земјата што побрзо да се доближи до ЕУ, откриваат дипломатски извори во Атина.

Аналитичарите коментираат дека ваквото сценарио не е охрабрувачко за Грција, затоа што желбите на Берлин и Вашингтон за пристапување на Скопје во Унијата без да се реши прашањето за името, ќе ја доведе Грција во многу тешка позиција, која ова прашање подолго време го користи за постигнување на своите цели.

Според некои информации, Германците наводно сакаат да создадат економски протекторат на Балканот, и поради економската зависност на Грција од Берлин, Атина нема да има многу простор за да пружи отпор. На овој начин во Грција сега се создава друга клима во врска со прашањата за отворањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и за уставното име на нашата земја, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавуваат информации кои ги добиваат од неименувани извори во грчкото МНР и Владата, со намера да изнудат некаква реакција од македонските власти која потоа ќе ја протолкуваат на сопствен начин и ќе обвинуваат за недостиг на волја, некооперативност и неконструктивност од страна на официјално Скопје.

Во последните информации што се објавуваат во Грција, единствен релевантен факт е дека „последниот извештај на еврокомесарот Штефан Филе содржи многу позитивни коментари за соседната земја и се упатува на тоа дека на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ што ќе се одржи на 22 април ќе има некаков развој“.

Во врска со преговорите за името, кои во моментов се најповрзани со процесите во ЕУ, „То Вима“ вчера отворено напиша дека „моменталниот баланс е деликатен и секоја грешка може да го врати притисокот врз Атина во време кога Владата смета дека целиот товар за одговорноста за ќорсокакот ја има пренесено на Скопје“.

Извори од Европската комисија наводно препорачале трпение за најновиот предлог на Нимиц, и покрај фактот што слични предлози за името претходно Грција ја имаат доведено во непријатна позиција и ги има отфрлено.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски