Трамп ги повика гувернерите да ги отворат верските објекти

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика гувернерите да овозможат црквите и другите верски објекти во сојузните држави да ги отварат вратите, додека земјата полека ги укинува мерките на карантин по епидемијата од коронавирус.

На брифинг за новинарите денеска во Белата куќа Трамп изјави дека „ги идентификувам верските објекти како цркви, синагоги, џамии, за суштински места кои обезбедуваат суштински услуги“.

-Гувернерите треба да направат тоа што е исправно, и да овозможат овие важни суштински места за вероисповест да се отварат веднаш, за викендот, изјави Трамп.

Додаде ако не го сторат тоа, „ќе ги анулира нивните решенија.

Во Америка нам ни треба повеќе места за молитва, не помалку“, рече претседателот.

Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во разни војни и ја дале жртвата за нацијата.

Претходно, по повод овој ден, претседателот нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат спуштени на половина копје во следните три дена за сеќавање на Американците кои ги загубија животите во пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“