Албанија и Косово потпишаа два догвоора за полициска соработка

Од:

Министрите за внатрешни работи на Албанија и на Косово Фламур Нока и Бајрам Реџепи потпишаа во Тирана два договора со кои се предвидуваат три гранички пунктови во реонот на Кукс (Албанија) и на еден заеднички центар за полициска соработка, објавуваат весници во Тирана.

Нока изјави дека трите гранични пунктови ќе ја подобрат комуникацијата и движењето на граѓаните од Албанија и Косово.

– Ќе преземеме иницијативи граничните реони да користат европски фондови за изградба на инфраструктура, изјави тој.

Нока и Реџепи ја истакнаа неопходноста за подобра соработка во борбата со организираниот криминал, шверцот на оружје и дрога.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина