За Спасовски гол полулизам е барањето на Чулев за 15 илјади денари награда за полицијата

Од:

За премиерот Оливер Спасовски барањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за 15 илјади денари награда за припадниците на МВР е гол популизам, што никако не може да се поврзе со наградите за здравство.

По барање на новинарите да го коментира барањето на Чулев за припадниците на МВР и колку тоа кореспондира со наградите што ги добиваат здравствените работници, Спасовски се осврна на тоа дека кога се правел ребалансот на буџетот, како што реќе, минситерот за здравство Венко Филипче се борел да останат парите во буџетот и да се додаде за да им се даде на здравствените работници награда.

– Министерот за внатрешни работи понуди 88 милиони денари да врати во буџетот за други потреби бидејќи не му требале во МВР. Тоа доволно говори за фактот колку е сериозен во намерите, изјави Спасовски.

Во однос на заразените припадници на полицијата со Ковид 19, премиерот Спасовски потенцира дека сериозност мора да има секаде, а сериозност во работењето значи и заштита на вработените.

– Зошто на премиер во Инфективната клиника нема ниту еден заболен, а тие се најизложени на евентуална зараза, затоа што ги почитуваат правилата и прописите, тоа што им се кажува и заради тоа што постои контрола. Не само во полицијата, туку во секој еден сегмент треба да се почитуваат мерките и да има контрола, рече Спасовски.

Тој смета дека треба да има скрининг и во полицијата врз основа на милењето на Комисијата за заразни болести и МЗ и посочи дека почнато е со скринингот во градинките, а тоа, информира, ќе го правиме и со другите институции.

– Исклучиво невнимнието приднесува да имаме зголемен број заболени во институциите и тоа не е прв случај со полицијата, туку и со други некои институции, изјави премиерот и апелираше дека мерките важат за сите и мора да се почитуваат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп