Чулев бара синдикатите да и се спротивстават на Владата, за одлука поврзана со наградите кои тој ги бара за вработените во МВР

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, повика полициските синдикати јавно да се спротивстават на одлуката на Владата која треба да ја донесе во врска со предложената награда од негова страна за вработените во МВР, а откако министерката за финансии, Нина Ангеловска, кажа дека предлогот за кратење на буџетот кој го поднел, не кореспондира со неговото сегашно барање. Чулев по изјавата на Ангеловска, посочи дека грижата на техничкиот премиер Оливер Спасовски за стандардот на полицајците и нивните плати завршил откако заминал од МВР.

За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува“, пишува Чулев на социјалните мрежи.

По изјавата на Ангеловска дека Чулев поднел предлог за кратење на буџетот на МВР, тој напоменува дека тоа е направено по барање на Министерството за финансии, за потребите на буџетот.

„Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот“, додава Чулев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот