Градскиот пазар во Прилеп се отвора в сабота

Од:

Од сабота во Прилеп ќе работи градскиот пазар, а по празниците од вторник и јавниот градски превоз, соопштија од прилепската локална самоуправа.

Како што информира прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, наместо како досега градскиот пазар да работи од понеделник до петок, сега ќе биде отворен со работа и во сабота од 7 до 15 часот.

-Ќе се применуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот, вели Јованоски.

Според Кристијан Илиески, директор на ЈП „Пазари“ пазарот ги заштитува и продавачите и купувачите и многу е битно што има фрекфенција на отворен простор без застој како што е во „пилјарите“

-Имаме пет влезови во градскиот пазар, којшто е најголем во регионот. Сега ќе работи и во сабота. Се дезинфицира, се делат заштитни маски и најбитно е што е на отворено, а граѓаните не се задржуваат долго на едно место, вели Илиески.

Инаку, на пазарот има богата понуда, а цените според повеќето граѓани се сѐ уште високи, за дел, пак, сметаат дека е очекувано.

-Најбитно е што сѐ зависи од понудата и побарувачката, откупот и транспортот на земјоделските производи, а не од кризата. Сега полека се пушта транспортот па горе-долу се стабилизира ситуацијата, но треба време, вели пазарџијата Слободан Ѓорѓиески.

По продолжениот празничен викенд, поточно, од вторник, 26 мај, во Прилеп се воведува јавниот градски превоз, при што во функција ќе биде ставена вонредната неделна линија, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп