Крводарителска акција во Велес, собрани 63 крвни единици

Од:

Во денешната втора вонредна крводарителска акција организирана од Општинскиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и со поддршка од Општина Велес и Народниот музеј, собрани се 63 крвни единици исто колку и на првата вонредна акција одржана на 15 април.

Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст информира дека и на оваа Втора вонредна крводарителската акција се применуваа сите стандарди и процедури за безбедност согласно состојбата во која се наоѓаме.

-Велешките крводарители со денешниот одличен биланс како и многу пати ја искажаа својата хуманост на дело и потврдија дека заслужно се на првото место по бројот на крводарувања во земјава во 2019 и 2018 како и низа години претходно, потенцира Николов.

Собрани крвни едници ќе бидат оденесени во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, а оттаму ќе бидат распределени за потребите на пациентите за клиниките во Скопје и болниците во земјава.

Инаку, втората вонредна крводарителска акција во Велес како и првата се одржа поради вонредната состојба во земјава која предизвика многу мало ниво на залихи од крвни единици во сите станици за трансфузилогија во земјава.

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов