Стружанец вратен од Австрија не ја почитувал мерката за домашна самоизолација

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

– Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени прописи бил во задолжителен државен карантин во период од 14 дена. Потоа бил должен да продолжи со домашна самоизолација, но полициските службеници го затекнале надвор од неговиот дом, информираат од обвинителство.

Поради непочитување на обврската за самоизолација, обвинителството за ова лице од Судот побара да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Другите четири лица го сториле кривичното дело со тоа што не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана на движење на целата територија на државата во определени временски периоди. За прекршување на полицискиот час, за обвинетите е доставен предлог до Судот со кој обвинителството побара да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење