Скопјанец 30 дена во притвор за нелегално држење на оружје

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопштија од ОЈО Велес.

-Осомничениот на 19.05.2020 година во својот патнички автомобил Фолксваген голф 5 кој лично го управувал, во просторот под воланот каде се наоѓа механизмот за подесување на висината на воланот, држел огнено оружје – пиштол, марка Берета – Арми Рома со калибар 7,65 мм, во кој имало и рамка со 8 куршуми, информираат од обвинителство, од каде додаваат дека оружјето е пронајдено од страна на полициски службеници на СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес -Скопје, кај наплатната станица Отовица.

Поради опасност од бегство, можност за попречување на истрагата со влијание врз сведоци- сопатниците во автомобилот и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, по предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка на Основен суд Велес на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

Горан Наумовски

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Молотови коктели, „фантомки“ и палки најдени во близина на РТС

Горан Наумовски

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина