Тројниот светскиот рекордер, Усеин Болт, ќе учествува на митингот со кој Лондон ќе ја одбележи првата годишнина од Олимписките игри.
Болт ќе биде еден од бројните олимписки шампиони кои од 26 до 28 јули ќе учествуваат на тридневниот атлетски натпреварување во Лондон.
Најбрзиот човек на светот на 26.јули ќе трча на трката на 100 метри, а следниот ден ќе биде дел од штафетата на јамајка на 4×100 метри.
Неколку британски медиуми објавија дека Болт, кој е светски рекордер на 100 и 200 метри, како и во штафетата 4×100 метри, за учество на овој Митинг ќе добие 500.000 фунти.
Инаку, учеството на ова натпреварување го потврдиле и Британците Џесика Енис, која ќе се натпреварува во скок во далечина и на 110 метри со пречки, како и Мофарах кој ќе трча на 3.000 метри.