ЕБОР покрена програма за подобро информирање на малите и средни претпријатија во ЈИЕ

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) лансираше посебна истражувачка програма за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија во шест земји од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна Македонија, преку создавање поголема јавната достапност до инвестициски анализи и со што ќе се пополни информациската празнина од овој вид содржини за компаниите во регионот.

Програмата, која е финансирана од Фондот за техничка соработка на ЕБОР и тајванскиот бизнис, треба да обезбеди помош за истражување за мали и средни претпријатија што котираат на берзите во Северна Македонија, Бугарија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.

Примарна цел на програмата е да обезбеди поголема транспарентност на пазарите, преку зголемување на количеството на проверени информации, што се смета за клучно за поголеми можности за финансирање на малите и средни претпријатија.

Програмата ќе трае две години и ќе биде спроведена од инвестициска банка „Вуд енд Компани“, која е специјализирана за пазарите во развој. Програмата е целосно усогласена со целите од Акцискиот план за создавање пазари на капитал на Европската комисија, со кој меѓу другото се предвидува создавање услови за полесен пристап до финансии, посебно за малите и средни претпријатија.

Во програмата се вклучени македонските компании „Алкалоид“, „Комерцијална Банка“ и „НЛБ Банка“, бугарските „Градус“, „Монбат“, „Сирма Груп Холдинг“ и „Софарма“, романските „БитНет“, „Конпет СА“, „Патрија Банк“ и „Терапласт“, словенечката „Сава Осигурување“, српската „Финтел Енергија“ и хрватските „Пластик“, „Арена Хоспиталити Груп“, „Илирија Ресорт“ и „Загрепската берза“.

Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број акции достапни за јавноста, како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи.

Според извршниот директор на „Македонската берза“, Иван Штериев еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар е недостигот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и т.н. „блу-чип“ компании.

– Ова, секако, е поврзано и со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од многуте што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании, со позитивни развојни импликации за пазарите во целина, оцени Штериев.

Според него, улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот.

Би можело да ве интересира

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

A1on

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти