Премиерката на Нов Зелан, Џасинда Ардерн предложи работодавците да размислат за воведување четиридневна работна недела и други флексибилни опции за работно време за да го охрабрат домашниот туризам и да им помогнат на работниците да ги усогласат работните обврски и приватниот живот.
#LIVE Jacinda Ardern gives an update on the COVID-19 response
Posted by Jacinda Ardern on Вторник, 19 мај 2020
Ардерн се обрати на граѓаните на Нов Зеланд, преку видео на Фејсбук и истакна дека на луѓето им се предлага се, од пократка работна недела до повеќе неработни празници, како средство за стимулирање на економијата и поттикнување на домашниот туризам, додека границите остануваат затворени за странските државјани.
Таа додаде дека голем број граѓани на Нов Зеланд би патувале низ земјата, кога би имале флексибилно работно време.
Поради епидемијата на новиот коронавирус, туристичкиот сектор на Нов Зеланд претрпе голема загуба.