Македонски полициски синдикат: Ниту еден вработен во МВР да не биде испратен на терен без маска

Од:

Македонскиот полициски синдикат, откако беше објавено дека тројца вработени во МВР се заразени со коронавирус, го повикува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев веднаш да превземе засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од коронавирусот.

„Од Ваша страна по итно бараме да бидат превземени минимум следните мерки и активности: -преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа; пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила; да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите“, пишува во писменото барање на Македонскиот полициски синдикат.

Тие велат дека не смее да се дозволи ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција.

„Го повикуваме министерот, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19 за 20 % за месеците март и април да ја покачи платата и на полициските службеници“, пишува во соопштението од МПС.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина