Тројца вработени во МВР заразени со коронавирусот, за 11 се чека резултат – сите престојувале во Охрид

Од:

На нови тројца полициски службеници, вработени во МВР, им е дијагностициран коронавирус, дознава „А1он“. Нивните тестирања, како и на 15 други службеници биле направени откако претходно, еден од нив појавил симптоми за присуство на коронавирусот. Сите, изминатава недела престојувале во Охрид, поради извршување на работни задачи, а биле сместени во одморалиштето на МВР, кај Свети Стефан.

Информацијата за „А1он“ ја потврдија и од МВР, од каде велат дека четворица службеници од тестираните биле негативни, а за останатите 11 вработени се чекаат резултати. Сите биле припадници на Единицата за брзо распоредување.

„Од досега добиените резултати тројца од нив се позитивни  а четворица се негативни на вирусот ковид 19 додека за останатите 11 резултатите се очекуваат во  текот на денешниов или утрешниот ден . Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација, а во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници која би требало да покаже кога и на кој начин се заразиле полициските службеници“, велат од МВР за „А1он“.

Техничкиот министер, Наќе Чулев, минатиот месец, последно кажа дека во МВР има 18 заразени вработени, потенцирајќи дека вирусот го добиле надвор од работното место.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он