Во Гостивар по десетти пат ќе се слави раѓањето на пророкот Мухамед

Од:

Гостиварското муфтивство на Исламската верска заедница по десетти пат ќе го одбележи денот на раѓањето на пророкот Мухамед.

Организациониот одбор на манифестицијата денеска на прес-конференција информира за активностите поврзани со овој значаен датум за муслиманите.

– Јубилејната десетта манифистација, исто како и претходните, има за цел да се одбележат животот и делата на пророкот Мухамед. Централната прослава ќе биде во спортската сала „Младост“ каде ќе биде организиран голем концерт со духовна музика и поезија. Очекуваме гости од повеќе балкански земји кои го најавија своето присуство, рече Ирсаљ Јакупи од Организациониот одбор.

Годинава, по повод денот на раѓањето на пророкот Мухамед ќе бидат организирани и ликовна колонија, изложба и промоција на книга.

Мухамед е роден на 20 април во 570-та година во Мека и  е последниот од пророците кои ги пренесувале Божјите закони. Тој првпат започнал да проповеда во 607-та година. Се смета дека Божјата книга Куранот е буквален запис на пораките кои Господ, преку архангел Гаврил, му ги испратил на Мухамед.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Гостивар осомничен за силување на својата помала сестра

Горан Наумовски

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско